Новиот авион на Ер Србија „Ербас А330“, кој ќе лета за Њујорк под името и со ликот на познатиот научник Никола Тесла, пристигнал во главниот град на Србија.
Авионот полетал од Холандија нешто пред 12 часот и слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, изјавиле за „Танјуг“ од Ер Србија.
Oduševljeni smo što možemo da objavimo da je naš novi avion sleteo!
Dobrodošao kući Nikola Tesla!#AirSerbia @AeroNikolaTesla #jfk #nikolatesla pic.twitter.com/CCJjsDY1OI— Air Serbia (@airserbia) April 24, 2021
Компанијата претходно објави дека патничкиот авион со широко тело е обоен осум дена во три смени во кои имало по околу 10 лица.
Како што беше наведено, не било случајно избрано да лета за Њујорк, туку токму затоа што Тесла поминал и поголем дел од својот живот во тој американски град.
Planirano je da naš novi avion AIRBUS A330, sa likom Nikole Tesle, stigne na Aerodrom Nikola Tesla Beograd u subotu, 24. aprila. Proces farbanja aviona možete da pogledate ovde: https://t.co/jgSKkHjJ0G. #AirSerbia #nikolatesla #JFK pic.twitter.com/lzqQi9koP7
— Air Serbia (@airserbia) April 22, 2021
Концептот на новото мени е инспириран и од диетата на Никола Тесла, така што тоа за патниците во економската и деловната класа е инспириран од детството, студентските денови и престојот на Тесла во Њујорк, се наведува во соопштението.