Авионот на боливиските воздухопловни сили ЈЛ-8 се урна денес врз станбена зграда во провинцијата Чапаре, пренесуваат светските медиуми.
Според „Спутник“, најмалку едно лице е убиено, а две се повредени. Жртвите живееле во таа куќа, а пилотите успеале да се катапултираат пред авионската несреќа.
Според локалните медиуми, двајцата пилоти наводно преживеале.
Полицијата го блокираше местото на несреќата, а пожарникарите се обидуваат да ги изгаснат пожарите на местото на несреќата. Еден од членовите на службите за итни случаи за „Пагина Сиета Дигитал“ изјави дека авионот не експлодирал.
Хонгду ЈЛ-8 е кинески двосед ловец што Пекинг го разви заедно во соработка со Пакистан. Боливија купи шест авиони, варијанти К-8ВБ.
https://www.youtube.com/results?search_query=bolivia%20avion&sp=EgIIAg%253D%253D&fbclid=IwAR1M-cg_Qx4mQB7hK7LSD5xZPv4DhA8Sdjrz1YOxBNarOU4cIOTOl-_KZKA