177
Авионот со кој леташе американскиот државен секретар Ентони Блинкен морал принудно да слета во Париз поради механички дефект, па тој и американската делегација што ја предводи го продолжиле патувањето со автомобил во Брисел на состанокот на НАТО.
„Блинкен замина на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО алијансата, кој почнува денеска, објави портпаролот на Стејт департментот,“ пренесува „Ројтерс“.
Блинкен имал проблем и со авионот со кој во јануари пристигнал на овогодишниот Светски економски форум во Давос, поради што морал да остане во Швајцарија подолго од планираното.
По повод 75-годишнината од основањето на НАТО, денеска во Брисел почнува дводневна средба на министрите за надворешни работи на нејзините членки.