Американскaтa потпретседателка повонредното слетување: „Сите се молевме на Бога“

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Авионот што полета со потпретседателката на САД, Камала Харис за Гватемала, мораше да се врати во воената база Ендрус во Мериленд поради технички проблем, изјави нејзиниот портпарол.

„Се враќаме во воената база Ендрус поради технички проблеми. Потпретседателката ќе се качи на друг авион и ќе го продолжиме патот“, изјави портпаролот на Харис, Сајмон Сандерс.

„Добро сум. Сите се молевме на Бога во еден момент, но добро сме“, рече Харис, која ги започна своите први меѓународни посети на Гватемала и Мексико.

Слични содржини