193
ТАВ Македонија соопшти дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје во следните неколку дена – 29 ноември, 30 ноември и 1 декември, за време на одржувањето на 30. Министерски Совет на ОБСЕ во Скопје, ќе се одвива регуларно.
Оттаму сепак апелираат до патниците да ги следат насоките и известувањата на Министерството за внатрешни работи во врска со сообраќајниот режим низ градот Скопје, со цел да бидат во можност да пристигнат на своите летови, односно на аеродромот навреме.