АВМУ: Обврска на секој медиум е објективно и непристрасно прикажување на настаните

Програмите на медиумите треба да бидат отворени за различни политички гледишта, ова денес го порача Аенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Имено, покрај тоа од АВМУ наведуваатт дека еден од основните програмски принципи на кои се темелат програмите на радиодифузерите е објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување на слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања.

„Медиумите се самостојни и независни при процесот на креирање на уредувачката политика, но политичкиот плурализам е витален за развој и зачувување на демократските општества.

Токму поради тоа, сите медиуми мора да бидат свесни за својата улога и одговорност во креирањето на јавното мислење, односно кон обврската за јавноста, програмите да бидат отворени за различни политички гледишта“, посочуваат од Агенцијата врзано за јавно искажаните реакции дека во дневно-информативните изданија на националната телевизија ТВ Телма отсуствуваат информации за активностите и ставовите на најголемата опозициска партија за актуелни општествено-политички прашања.

Слични содржини