АВМУ рече „не“ за национална концесија за ТВ Клан и ТВ 24

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одлучи да не им даде национална концесија на ТВ 24 и ТВ Клан и со тоа гледачите на територија на цела Македонија ќе останат покуси за дневно информативни вести од овие два медиуми.

Инаку, како што информираат од медиумите, до одделението за информатичка поддршка и технологии бил испратен допис дека според Планот за распределба слободни фреквенции има сепак Советот на агенцијата одличил дека нема потреба на ТВ 24 да и даде концесија за да може да емитува програма на територија на цела Македонија.

За ваквата одлука пак, од АВМУ се повикуваат на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги според кој агенцијата треба да изработи студија со која ќе се утврди оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување на национална концесија. Како што пишува во дел од образложението, Студијата, меѓу другото содржи економска анализа на телевизискиот пазар, анализа на постојната понуда на другите телевизии како и анализа за тоа што им е потребно на гледачите а врз основа на претходно спроведено истражување на јавното мислење.

„Краен заклучок е дека во услови на пазар кој има значаен пад и економска нестабилност која уште повеќе се влошува како што трае здравствената криза, изгледите за одржливост на постојните учесници на пазарот со влез на нов играч сериозно би се намалиле, а за најмалку два постојани учесници може да биде и фатално. Не постои оправданостза објавување конкурс за телевизии со претежно забавен, информативен и општ формат.“ – велат од АВМУ.

Ова не е прв АВМУ да не и даде национална концесија на ТВ 24 за да може да емитува програма на територијата на цела Македонија со што во континуитет се нарушува конкурентноста на пазарот, а се намалува и медиумскиот плурализам.

Слични содржини