-Измените и дополнувањата на овој кривичен законик немаат никаква врска со некакви преговори во Собранието и тоа се само шпекулации кои се појавија во јавноста. Уставните измени се нешто друго што оваа Влада ги тера по однос на патот кон ЕУ- изјави заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ за МРТВ.
Со измените и дополнувањата на Кривичниот законик, вели таа, се направени 38 члена во кои што се вградени седум директиви. Посебно нагласува Аврамовска Мадиќ, во член 20 каде што е делот “екоцит” што е многу важен дел за заштита на животната средина и во тој дел се внесени дури и четири директиви од ЕУ.
-Ако сакаме да го тераме патот на Европската Унија не значи дека треба само да ги спроведеме уставните измени. Скринингот и пред-пристапните преговори ќе покажат дека току многу закони ќе треба да се прилагодат и да се усогласат со самото европско законодавство. Со овие три члена за кои појавија шпекулации и ја разбрануваа јавноста истото тоа го правиме, приближување од овој сега Кривичен законик до оној кој што ќе биде голем и се изработува веќе 3 години – изјави заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ.