Австралија ќе потроши повеќе од 600 милиони американски долари за вооружување

од Radmila Tasevska

Австралиската влада најави дека ќе вложува повеќе од 1 милијарда австралиски долари (околу 684 милиони американски долари) за купување на нови поморски ракети, како и ракети со долг дострел на копно, високоподвижниот артилериски систем земја-земја ХИМАРС.

Во владиното соопштение се наведува дека Австралија потпишала договор со норвешкиот производител на оружје Конгсберг за набавка на поморски ракети, како и копнениот систем со долг дострел ХИМАРС, пренесува Ројтерс.

„Во сегашното стратешко опкружување, важно е австралиските одбранбени сили да се опремени со супериорни воени способности“, рече министерот за одбрана Ричард Марлес.

Слични содржини