Австралија испраќа оклопни возила во Украина

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Австралија испраќа 20 оклопни транспортери Bushmaster за да и помогне на Украина во борбата против руските сили.

Конвојот Bushmasters денеска ќе го напушти Бризбејн со авион C-17 Globemasters, пишува „Daily Mail“.

Оклопните возила се обоени во маслинесто зелена боја, а на нив е знамето на Украина со шаблони од секоја страна и натпис „United with Ukraine“ на англиски и украински.

Премиерот Скот Морисон рече дека борбата на Украина е важна бидејќи, како што оцени, не се во прашање само животите на Украинците и нивната земја, туку и принципите на слободата и владеењето на правото.

Испраќањето на оклопни транспортери дојде откако украинскиот претседател Володимир Зеленски побара натамошна воена помош, вклучително и Bushmasters, во обраќањето пред австралискиот парламент минатата недела.

Слични содржини