Најголемиот проект за соларна површина во светот се вика Australia-Asia Power Link, ќе напојува три милиони домаќинства, се наоѓа на северната територија на овој континент и веќе доби зелено светло.
Ќе се простира на површина од 12.000 хектари, а се очекува во втората фаза од проектот да испрати струја на пат од 4.300 километри до Сингапур преку подморски кабли.
Во оваа фаза одобрени се планот за најголема соларна фарма и еколошки одобренија, но проектот сепак зависи од одобрението на Агенцијата за енергетика на Сингапур, Владата на Индонезија и австралиските домородните заедници.
Светските медиуми јавуваат дека Агенцијата за енергетика на Сингапур објавила дека е во „преговори со SunCable за нивниот предлог за увоз на струја во Сингапур“.
Проектот ќе вклучува серија соларни панели, батерии и, на крајот, кабел што ќе ја поврзе Австралија со Сингапур. Проектот Australia-Asia Power Link предвидува производство на шест GW, од кои четири гигавати би се користеле за домашно производство, а два би биле испратени во Сингапур, со што ќе се обезбедат околу 15 отсто од потребите на тој град-држава.