Австралија ќе инвестира дополнителни 260 милиони долари во нова генерација борбени беспилотни летала

од Radmila Tasevska
194 прегледи

Австралија ќе потроши дополнителни 260 милиони долари за производство на борбени беспилотни летала. Министерот за одбранбена индустрија Пат Конрој рече дека производството ќе создаде повеќе работни места во земјата.

Владата соопшти дека моделот MQ-28A Ghost Bat, дизајниран и произведен во соработка со австралиска подружница на американскиот производител на авиони „Боинг“, ќе преземе различни улоги, вклучително и воена.

„Ова е првиот воен авион што е дизајниран, конструиран и произведен во Австралија повеќе од 50 години и ја истакнува длабочината на иновациите и искуството на нашата воена индустрија“, рече министерот за одбрана.

Владата веќе потроши сума од 390 милиони американски долари за да купи 10 единици од моделот.

Австралија се обидува да произведе повеќе одбранбени системи на своја територија, оправдувајќи ја високата цена на проектите со отворените работни места. Во изјавата на министерот се известува дека со проширувањето на проектот ќе се отворат 350 работни места и ќе се вработат повеќе од 200 подизведувачи.

Слични содржини