Австралија ќе продолжи со финансирање на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) речиси два месеца по прекинот предизвикан од обвиненијата за наводната поврзаност на дел од вработените во организацијата со нападите на Хамас од 7 октомври, изјави денеска шефицата на австралиската дипломатија Пени Вонг, пренесува „Ројтерс“.
Парите за помош ќе бидат зашттитетни со нови и дополнителни мерки, а заостанатата помош во вредност од околу шест милиони австралиски долази же биде веднаш префрлена.
„Таму има деца и семејства што гладуваат, а ние имаме капацитет да им помогнеме заедно со меѓународната заедница. Знаеме дека УНРВА е клучна за испораката на таа помош ,“ посочи Вонг.
Вонг најави и дополнителни четири милиони австралиски долари за УНИЦЕФ и два милиони долари за помош за ОН за Газа. Австралија ќе им достави и 140 падобрани на Јордан и на Обединетите Арапски Емирати за да ги користат во воздушните испораки на храна.
Коментирајќи ги извештаите за неколку Палестинци заглавени во транзит откако Австралија ги откажа привремените визи, Вонг рече дека сите апликанти биле предмет на безбедносни проверки и го проследи прашањето до австралискиот министер за внатрешни работи.
Австралија и повеќе од десетина други земји го прекинаа финансирањето на УНРВА во јануари откако Израел обвини 12 од 13.000 вработени на агенцијата во Појасот Газа за учество во смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година.
ОН отворија истрага за обвинувањата, а UNRWA отпушти дел од персоналот откако Израел ѝ обезбеди на агенцијата информации поврзани со обвинувањата.
Шведска, Канада и ЕУ го обновија финасирањето до определен степен, а шефот на агенцијата изјави минатата недела дека е внимателно оптимистичен дека и другите дионатори наскоро ќе го продолжат финансирањето.