Австралија: Тело на нуркач и 50 килограми кокаин пронајдени на брегот на реката Хантер

од Stefanija Kuzmanovska

Австралиската полиција денеска започна истрага откако 50 килограми супстанца за која се верува дека е кокаин на црниот пазар вредна околу 20 милиони австралиски долари (14 милиони американски долари), беа пронајдени покрај тело на нуркач исфрлено на брегот покрај река во држава Нов Јужен Велс.

На брегот на реката Хантер недалеку од Њукасл, на околу 170 километри северно од Сиднеј, вчера бил пронајден  маж кој носел врвна опрема за нуркање, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс, пренесува „Ројтерс“.

И покрај укажаната брза помош, непознатиот маж починал на лице место, а недалеку од него биле пронајдени неколку пакувања со бел прав за кој се претпоставува дека е кокаин.

Слични содржини