Австралија воведува закон кој ги обврзува мрежите да ги штитат корисниците од онлајн закани

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Австралија планира да воведе промени во Законот за онлајн безбедност, кој ќе бара од социјалните мрежи да преземат конкретни чекори за да спречат штета на корисниците, како што се малтретирање, предаторско однесување и алгоритми кои промовираат деструктивна содржина.

Министерката за комуникации Мишел Роланд рече дека новиот закон за „дигитална одговорност“ ќе ги обврзе дигиталните платформи да преземат активни мерки за заштита на корисниците, пренесе АП.

Новите измени на Законот за онлајн безбедност ќе бидат претставени пред Парламентот следната недела, а правната рамка што се воведува е првиот таков закон во светот и им забранува на децата помлади од 16 години да користат платформи како што се X, Instagram, Facebook и TikTok.

Слични содржини