Австралиската компанија повлече 200.000 тестови за коронавирус во САД

од Vladimir Zorba

Австралискиот производител на медицински помагала „Ellume“ објави дека повлекол речиси 200.000 тестови за коронавирус во САД поради зголемен ризик за лажно-позитивни резултати.

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) предупреди во вторникот за „ризик од лажно-позитивни тестови за домашна употреба на Ковид-19 на Ellume, поради неодамна идентификуван проблем во производството“.

Негативните резултати не се проблематични, се вели во соопштението.

ФДА работи со Ellume на дополнителни контроли и други мерки за да се обезбеди решавање на проблемот, се додава.

Според портпаролот на Ellume, има 195.000 од 3,5 милиони тестови испратени во Соединетите држави.

Повлекувањето беше утврдено по веста за невообичаено висок процент на лажно-позитивни тестови на некои места, се вели во соопштението на компанијата.

„Изразувам искрено извинување од нашата компанија, за стресот и тешкотиите со кои се соочија луѓето поради лажно позитивни тестови“, рече основачот на Ellume, Шон Парсонс.

Производот на Ellume минатата година беше првиот тест во слободна продажба за домашна употреба, кој доби овластување за итна употреба во Соединетите држави.

Компанијата соопшти дека продолжува да ги дистрибуира тестовите во САД по утврдување на причината за проблемот и спроведување дополнителни контроли.

Слични содржини