164
ЕУ мора да му даде перспектива на Западен Балкан, за да ја врати довербата поради многу неостварени очекувања и побрзо од претходно, бидејќи од крајот на февруари ништо во Европа не е како порано, посочи денеска министерката за европски работи во владата на Австрија, Каролина Едштадлер.
По повод Самитот на младите од Западен Балкан, кој се одржа во Виена, Едштадлер порача дека Западен Балкан мора да се вклучи во креирањето на иднината на Европа, а особено младите од тој регион.
„ЕУ не е целосна без сите шест земји од Западен Балкан. Мораме да го поддржиме Западен Балкан и да му дадеме кредибилна перспектива. Мораме да ја вратиме довербата во тој регион, кој исчезна бидејќи многу очекувања останаа неисполнети…“, наведе таа.