Австрија: Слободарската партија го напушти парламентот за време на говорот на Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska
145 прегледи

Пратениците на крајно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) денеска го напуштија парламентот за време на говорот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, во знак на протест затоа што со тоа се нарушува австриската неутралност, објави „Ројтерс“.

Зеленски преку видео врска им се обрати на пратениците од Долниот дом на Парламентот, заблагодарувајќи им се за хуманитарната помош и помошта со проекти како што е чистењето мини.

ФПО претходно ја критикуваше поканата до украинскиот претседател Зеленски да се обрати во парламентот, велејќи дека тоа е „напад на австриската неутралност“.

Слични содржини