Досега во Австрија е замрзнат 1,5 милијарди евра имот на руски олигарси кои потпаѓаат под санкциите на ЕУ, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.
Надлежната единица со која раководи Управата за државна безбедност и разузнавање (ДСН), најпрофесионално го истражува и пронаоѓа имотот на санкционираните лица, посочи министерот за внатрешни работи на Австрија Герхард Карнер.
Надлежната единица забрани отуѓување на повеќе имоти и спречи обиди за увоз и извоз на стоки, кои би биле релевантни за Руската Федерација, додаде тој.
„Постапуваме доследно и со целосна строгост на санкциите“, нагласи австрискиот канцелар Карл Нехамер.
Тој посочи дека секој кој го поддржува рускиот претседател Владимир Путин и неговата војна против Украина, или профитира од тоа, е безусловно санкциониран.