166
Претседателот на Фискалниот совет на Австрија, Кристоф Баделт, предупредува дека ембаргото за увоз на руски гас би предизвикало тешки последици за австриската економија.
„Ако ЕУ воведе ембарго на рускиот гас, тогаш би можеле да се соочиме со криза чии размери не ни можеме да ги замислиме“, рече Баделт.
Доколку има недостиг од испораки на руски гас, политиката ќе мора да се фокусира на спречување на масовната сиромаштија поради бројните прекини на производството.