Австрискиот парламент синоќа го продолжи локдаунот за уште 10 дена, кој според планираното ќе заврши за невакцинираните во недела на 12 декември на полноќ.
Мерката за локдаун можеше да се донесе само 10 дена, па затоа беше потребна нова собраниска одлука за продолжување на епидемиолошката мерка, бидејќи беше планирана за вкупно 20 дена.
Според планот на австриската влада, локдаунот за вакцинираните и прележаните ќе заврши на 12 декември, а ќе продолжи за невакцинираните.
Пратениците од Австриската народна партија (ОВП), Зелените и Социјалдемократската партија (СПО) гласаа за продолжување на локдаунот.
Одлуката на австрискиот парламент вклучува една новина, а тоа е дека продавниците кои имаат право да работат во локдаун, тоа можат да го прават најдоцна до 19 часот, наместо до 21 часот како досега.
Дополнително, воведено е дека продажбата на новогодишни елки спаѓа под исклучоците, така што граѓаните можат да купат новогодишни елки за својот дом и во текот на локдаунот.
Министерството за здравство го искористи усвојувањето на измената на мерките против Ковид-19 и за скратување на важноста на сертификатите за вакцинација од 360 на 270 дена.
Фото: Apa / Hans Punz