Реформите во областа на грижата за стари и изнемоштени лица и состојбата на пазарот на трудот беа централни теми на денешната прес-конференција која беше одржана во центарот на австриската влада во Виена од министерот за здравство и социјална заштита Рудолф Аншобер и министерката за труд Кристин Ашбахер.
Аншобер најави реформа во областа на грижата за стари и изнемоштени лица.
„До крајот на јануари, сеопфатниот и значаен пакет мерки треба да биде подготвен“, рече Аншобер , пренесува „Вечерњи лист“.
Тој нагласи дека во Австрија медицинскиот персонал има недоволно вработени и дека токму тоа е „најважно“.
„Во моментов имаме 127.000 луѓе кои работат во областа на негата, но повеќе од 30 проценти се постари од 50 години и ќе заминат во пензија за околу 10 години“, рече австрискиот министер за социјална заштита, нагласувајќи: „До 2030 година ќе ни требаат не помалку од 100.000 лица нов медицински персонал“.
Аншобер тврди дека тоа може да се постигне само со „прешколување“ или едукација на голем број луѓе за професијата. И со овозможување влез во полето на грижа „без никакви бариери“ со фокус на „оние 7 проценти кои се образовани за работата, но во моментов не ја вршат својата работа“, од различни причини, вклучително и финансиски.
Укажа и на потребата од зголемување на платите на вработените без кои е невозможно во областа на здравството и грижата. Наведе дека владата издвоила 700 милиони евра за „корона офанзивата“ за спасување и отворање нови работни места.
„Негата и здравјето се потпора на новиот пакет за финансиска поддршка“, рече Ашбахер.
Таа додаде дека во оваа област во моментов има 10.000 невработени. Најави создавање на нови 7.000 работни места за медицинскиот персонал. Специјална офанзива во оваа насока започна од Австриската служба за вработување (АМС) заедно со Министерството за труд, кое веќе, и покрај корона-кризата, започна со обука на невработените за овие многу барани, но недоволни занимања во Австрија.
Како што нагласи министерката, невработените и лицата регистрирани во АМС кои се вклучиле во процесот на дополнително образование или доквалификација за медицинска професија, може дополнително да бараат и бонус за образование покрај надоместокот за невработеност.
„Австрија има огромна потреба од работна сила во областа на здравството и негата“, рече Ашбахер.