Во Австрија, по одлуката на Унгарија да дозволи полнење гориво по субвенционирана цена само на возилата со домашни регистрации, се подготвува колективна тужба против Будимпешта.
Невладината платформа „COBIN“ покрена акција за возачите од Австрија и ЕУ кои беа принудени да купуваат гориво во Унгарија по повисока цена од Унгарците, бидејќи сметаат дека тоа е кршење на принципот на еднаков третман на сите граѓани на ЕУ.
Возачите кои купиле гориво по повисока цена во Унгарија треба да се пријават на веб-страницата на организацијата, со зачувана фактура, а кога ќе се собере доволен број, предметот ќе биде предаден на адвокатите.
Организаторите најавуваат тужба за прекршување на договорот со ЕУ.
Претставниците на „COBIN“ минатата сабота го проверија спроведувањето на новата мерка во Унгарија.
Според соопштението, на бензинска пумпа на компанијата МОЛ во близина на австриската граница биле поставени информации за странци, според кои право на субвенционирана цена на горивото имаат само возилата со унгарски, српски и словенечки регистарски таблички.