Австрија ќе произведе вакцина со Израел и Данска

од Берта Китинска
379 прегледи

Австрија повеќе не сака да се потпира на Европската унија за испорака на вакцини за коронавирус, изјави во вторникот австрискиот канцелар Себастијан Курц, најавувајќи развој на нови варијанти на вакцини заедно со Израел и Данска.

„Европската агенција за лекови премногу бавно одобрува нови вакцини и имавме проблеми со испорака на вакцини“, рече Себастијан Курц во Виена.

Тој ја поздрави иницијативата на претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, за производство и набавка на вакцини, но ги најави и чекорите на Австрија во таа насока.

Курц во четврток во Израел ќе се состане со данскиот премиер Мити Фредериксен и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да ги подготви чекорите за производство на вакцини.„Израел ќе ја испита можноста за сојуз со Данска и Израел“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, чија земја го предводи светот според бројот на вакцинирани.

Пред да замине за Израел, Курц треба да се состане со претставници на фармацевтски компании, лекари и претставници на здравствениот систем.

„На лето, по првиот циклус на вакцинација, ќе се вратиме во нормала, но пандемијата ќе не следи долго време“, рече Курц.

Слични содржини