Ако економските санкции на ЕУ против Русија дополнително се заострат и снабдувањето со гас биде суспендирано, Австрија нема да може да го замени рускиот гас со увоз од други извори, туку ќе мора да ја прилагоди побарувачката, рече Курт Кратена од Центарот за анализа и истражување на економски сценарија (ЦЕСАР).

Дополнително, Австрија поради својата географска положба би била принудена да земе од оние членки на ЕУ, кои можат да увезуваат дополнителни количини гас преку гасоводи или во форма на течен гас.

ЕУ би го заменила отсуството на увоз на гас од Русија (1.700 терават часови) со неискористени капацитети на други добавувачи преку гасоводи (650 терават часови) или преку увоз на течен гас (1.100 терават часови), смета Кратена.

Слични содржини