200
Австрија денеска се отвори по 20 дена строго заклучување. Сепак, отворањето важи само за оние кои се вакцинирани или оние кои го прележале Ковид-19.
Продавници, фризерници, саеми, фитнес центри, ресторани и хотели, како и спортски објекти ќе се отворат во девет австриски провинции.
За оние кои се вакцинирани или оздравени, полицискиот час се укинува, но останува на сила за лицата кои немаат ковид сертификат или документ дека примиле вакцина. За нив негативен тест ќе биде валиден само за одење на работа, додека другите потреби се уште им се ускратуваат.
Задолжително е носење ФФП2 маски во затворен простор, јавуваат агенциите.