Австрија против промена на границите на Балканот

од Nikola Popovski
336 прегледи

Австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг изјави дека земјата е против промена на границите во регионот, но и дека сеопфатен договор меѓу Белград и Приштина е клучен за европскиот пат на обете страни.

Тој рече дека е потребно да се постигне сеопфатно решение што ќе ги реши сите отворени прашања и дека таквиот договор е од особено значење не само за двете страни, туку и за стабилноста и иднината на целиот Западен Балкан.

„Охрабрувачки е да се види дека американската администрација се залага за поддршка на дијалогот со посредство на ЕУ, чие успешно заклучување е предуслов за членство во ЕУ“, рече Шаленберг, додавајќи дека мора да се работи на понатамошна интеграција на цела Европа.

Говорејќи за Западен Балкан како целина, Шаленберг рече дека Австрија отсекогаш била посветена на брзиот напредок на сите земји од Западен Балкан до членството во ЕУ, но и на признавањето на независноста на Косово од страна на сите членки на ЕУ, пренесе РТВ.

Слични содржини