Австрија: Се преврте автобус, повредени 24 лица

од Stefanija Kuzmanovska
186 прегледи

Автобус со 32 патници во текот на ноќта се превртел по падина во близина на местото Бад Митерндорф во провинцијата Штаерска, Австрија, а во несреќата се повредени 24 лица.

Четири лица се тешко повредени, а 20 се полесно повредени, соопшти полицијата.

Автобусот превезувал патници до езерото Грундлзе кога од се уште неразјаснети причини излетал од патот.

Слични содржини