На 17 декември во Брисел ќе биде свикан состанок на земјите – “доброволци” за заштита на надворешните граници на ЕУ, соопшти австрискиот канцелар Вернер Фајман, по чија иницијатива е средбата.
На средбата ќе присуствуваат влади на Австрија, Германија, Холандија, Луксембург, Шведска, Финска и Грција, како и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и турскиот премиер Ахмет Давутоглу. На почетокот на неделата унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ЕУ и Турција имаат склучено имплицитно договор за преселување на половина милион сириски бегалци на територијата на ЕУ. / ТАСС