Австрија: Ван дер Белен разговара со ФПО за формирање влада

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Десничарската популистичка Партија на слободата на Австрија (ФПО) е во центарот на вниманието кога станува збор за формирање влада во Австрија. Претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, најави дека во понеделник ќе разговара со лидерот на ФПО Херберт Кикл.

Тој изјави дека има впечаток оти гласовите во Народната партија на Австрија (ОВП), кои ја исклучуваат соработката со Кикл, станале значително потивки.

„Тоа, пак, значи дека може да се отвори нов пат“, рече Ван дер Белен.

Сегашниот канцелар Карл Нехамер засега ќе остане на функцијата, изјави Ван дер Белен. Во текот на наредната недела функцијата канцелар на преодната влада ќе му ја довери на нов кандидат.

Слични содржини