Министерот за правосудство на Австрија Волганг Браднштетер работи на можност за надзор на интернет-комуникацијата, а со цел превенција од тероризам.
![]()
Тој смета дека би требало да се надгледува можноста за комуникација преку интернет како што се Скајп, Вибер и слични програми.
За овој потфат тој мора да го придобие коалициониот партер во австриската влада-Социјалдемократската партија.
Портпаролот за правосудство Ханес Јаролим најави подготвеност на својата партија да го прифати изедначувањето на интернет-телефонијата со телефонијата, но без употреба на т.н. „државен тројанец“.
На другата страна, партијата на Зелените, стриктно е против надзор на интернет комуникациите и најавува протести.
Зелените сметаат дека министерот работи на воспоставување на „држава која ги надгледува своите граѓани“.