Австријците ЗА Курц да си поднесе оставка во случај на обвинение во врска со аферата „Ибица“

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Повеќето Австријци сметаат дека канцеларот Себастијан Курц треба да поднесе оставка во случај на обвинение поради наводните лажни изјави пред Истражниот комитет во врска со аферата „Ибица“.

Според анкетата на „Галуп“, 58 проценти од Австријците мислат така.

А во случај да биде осуден, 81 процент сметаат дека ќе мора да се повлече од функцијата.

Исто така, 65 проценти сметаат дека министерот за финансии, Гернот Блимел, треба да поднесе оставка поради непочитување на одлуката на Уставниот суд во врска со проследување на документацијата до Истражниот комитет.

Анкетата покажа дека 66 проценти од Австријците не гледаат подготвеност на политичарите да преземат одговорност за лошо работење или прекршувања.

Австријците беа јасни во врска со прашањето кога политичарите треба да дадат оставка, а тоа е ако имаат здравствени проблеми, доколку си ја работат лошо работата, извлекуваат корист од функцијата, доколку се корумпирани или користат несоодветен политички јазик.

Слични содржини