Студија на универзитетска клиника во австрискиот град Инсбрук покажа дека луѓето излекувани од коронавирусот имаат стабилен долгорочен имунитет и не треба да се плашат од нова инфекција или мутација, пренесува австриската агенција АПА.
Учесниците во студијата, 29 од нив, биле на просечна возраст од 44 години и сите добиле КОВИД-19 во март, објасни водачот на студијата Флоријан Дајзенхамер.
Кај сите учесници, како што изјави за агенцијата АПА, биле откриени антитела и по шест месеци за имунитет потребни неутрализирачки антитела, што зборува за постојан, стабилен долгорочен имунитет.
„Сите елементи на заштитен имунитет постојат“, нагласи Дејзенхамер.
Резултатите од студијата во Инсбрук се совпаѓаат со значајни меѓународни наоди, додаде тој, потсетувајќи дека истиот заклучок беше постигнат во Исланд и Њујорк.
Тој истакна дека излекуваните не мора да се плашат од нова болест, но посочи дека постојат исклучоци, кои не се правило.