По појавувањето на видеото од Виена на кое можеби е исчезнатата Данка Илиќ, дописникот на РТС разговарал со претставник на австриската полиција.
Сепак, се уште нема нови детали за контроверзното видео.
Маркос Витрич за Српската радио-телевизија изјави дека се работи за истрага која е во тек и дека не можат да дадат детали за тоа, но и дека немаат премногу детали.
„Ја имаме таа снимка од настан во сабота попладне, направена на трамвајска станица. Виенската полиција се обидува да ги пронајде двете жени на видеото“, рече тој.
Според РТС, за полицијата не е проблем да ги пронајде тие две лица доколку се во Виена, ако веќе не заминале за Унгарија или се преселиле во Романија. Проблемот, како што објасни Витрич, е како видеото стигнало до полицијата.
Тој напоменува дека е изгубено многу време, околу 10 часа, додека видеото е испратено по електронска пошта до српската полиција, па дури потоа српската полиција стапила во контакт со австриската полиција.
Српскиот амбасадор во Виена ја пофали соработката со австриската полиција и додаде дека двете полиции се во постојан контакт.