Австрискиот амбасадор Вуцас објави дека ќе донираат 5% од своите вакцини за Западен Балкан

210 прегледи

Австриија ќе учествува со 5% од своите ваквини против Ковид 19, донирани за Западен Балкан. Ова го посочи австрискиот амбасадор во земјава, Гоерг Вуцас во својата новогодишна честитка.

„Оптимисти сме што се однесува до 2021. година. Австрија покрај тоа што ја поддржува С.Македонија со потребни медицински средства, на располгање ќе даде и 5% од своите дози на вакцини против Ковид 19 наменети за Западен Балкан. Европската унија не би била комплетна без интеграцијата на Западен Балкан. Токму затоа Австрија, во рамки на процесот на интеграција, максимално се залага за што е можно поскоро одржување на првата меѓувладина конференција во 2021 година“, посочи амбасадорот Вуцас, чија земја ја поддржа преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

На 22. декември, министерот за здравство Венко Филипче во Софија со бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов инаку потпиша писмо за намери, откако Владата на Бугарија донесе одлука од секоја количина вакцини против ковид-19 која стигнува во Бугарија, една одредена количина да биде наменета за македонските граѓани и тоа да биде во форма на донација.

Слични содржини