150
Австрискиот канцелар Карл Нехамер оцени дека има нов квалитет на соработка меѓу неутралните и неврзаните земји како Австрија и НАТО, но и дека членството на Виена во западната воена алијанса не е опција и не треба да се разгледува.
Австрија е и останува неутрална, но и доверлив партнер во однос на безбедносната политика, изјави Нехамер, кој учествува на Самитот на НАТО во Мадрид.
Според него, Австрија како неутрална земја може да се солидаризира и да дејствува како посредник.