Австрискиот суд пресече, Фејсбук да брише се што е навредливо

од desk3
74 прегледи

Австрискиот суд ја задолжи социјалната мрежа Фејсбук да ги отстранува публикациите кои содржат говор на омраза. Решението може да се гледа како победа на активистите кои бараа социјалните медиуми да се борат со “троловите” на интернет.
Тужбата беше поднесена од австриската партија на Зелените, откако нејзината претседателка стана жртва на таквите пораки. Апелациониот суд во Виена пресуди дека социјалната мрежа Фејсбук е должна да ги отстрани навредливите пораки. Разврската на овој случај доаѓа во момент кога властите во цела Европа размислуваат како да најдат начин да ги натераат Фејсбук, Гугл, Твитер и другите социјални медиуми брзо да ги бришат објавите на омраза, лажнте вести и побликации, потикнување на насилство.