Австриските власти гледаат снимки од концертот на Томпсон – Кој и да извикал „За дом спремни“ може да го изгуби престојот

од Milan1
53 прегледи

Австриските власти ги проучуваат снимките од концертот на Марко Перковиќ Томпсон во Загреб и доколку утврдат дека некој од 18.000 купувачи на билети од таа земја, особено оние со регулиран привремен престој во Австрија, извикал „За дом спремни“, ќе се соочи со сериозни последици, што може да вклучува и одземање на правото на престој, пишува „Н1 телевизија“.

Според организаторите, меѓу половина милион посетители на концертот, повеќе од 18.000 од нив купиле билети во Австрија.

Целта на австриските служби е да утврдат дали Хрватите со австриско државјанство или лицата со регулиран привремен престој во Австрија ги прекршиле строгите австриски закони што забрануваат ширење на фашизмот за време на концертот.

Санкциите варираат – од прекршоци и кривични дела до забрана за влез во земјата, доколку станува збор за странски државјани, како што се Хрватите кои живеат и работат во Австрија.

Во 2018 година, Австрија го измени законот за да го прошири списокот на забранети симболи. Во тоа време, тој ги вклучуваше и симболите на усташкото движење, кој на тој начин се изедначени со симболите на екстремистичките и терористичките организации како што се Исламска држава и Ал Каеда – што значи дека нивната промоција и пропагирање сериозно ги крши австриските закони.

Слични содржини