Најмалку 24 лица загинаа во автобуска несреќа во северниот дел на Перу, соопштија официјални лица. Во автобусот кој излетал од патот имало 60 патници, објави Ројтерс.
Полицијата не соопшти колку лица се повредени во несреќата. Автобусот излетал од патот во планинската област Ел Алто на крајниот север на земјата.
Причините за несреќата се истражуваат, а според првичните податоци автобусот неодамна поминал на безбедносна проверка.