Автобус на ЈСП излета од патот Раштак – Булачани: Стефковски прашува „Што ако автобусот беше полн?“

од Илинка Илиоска
143 прегледи

Автобус на ЈСП Скопје утрово излетал од патот Раштак – Булачани, но за среќа, нема повредени, бидејќи возилото било празно, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, на својот профил на Фејсбук.

„Изразувам сериозна загриженост по однос на состојбата во која се наоѓа возниот парк на ЈСП Скопје,“ истакнува Стефковски, барајќи целосна истрага за инцидентот и утврдување на причините за несреќата.

Градоначалникот упати апел до менаџментот на ЈСП и градоначалничката на Град Скопје во заминување, Данела Арсовска, да преземат итни мерки за подобрување на безбедноста во јавниот превоз. „Не сакам ниту да помислам што можеше да се случи доколку автобусот беше полн со патници!“ изрази загриженост Стефковски.

Тој исто така побара јавно да се објават причините за овој „немил настан“, со цел да се спречат слични инциденти во иднина.

Слични содржини