Aвтобус со туристи од БиХ се преврте кај Венеција, повредени 10 луѓе

од Radmila Tasevska

Десет лица се полесно повредени кога автобус со туристи од Босна и Херцеговина се превртел во италијанското место Сан Дона ди Пијаве, недалеку од Венеција.

Според порталот Кликс, во моментот на несреќата во автобусот имало 79 лица, меѓу кои и двајца возачи.

Пожарникарите ги извлекле сите патници, а им помогнал медицинскиот персонал кој пристигнал со бројни амбулантни возила и потоа ги префрлил во Итната помош во Лидо ди Есоло.

Автобусот се враќал во Трст, откако патниците ја пречекале Новата година во Пунта Сабиони.

Слични содржини