Германските производители на автомобили BMW, Daimler, Porsche и Audi и американскиот конкурент Ford изјавија дека ќе соработуваат во изградба на Паневропска мрежа од станици за полнење на електрични автомобили (ел-автомобили).
“Планираме да се создаде мрежа која им овозможува на нашите клиенти при меѓуградските патувања, да испијат едно кафе, додека им се полни колата”, изјави Руперт Шцадлер, извршен директор на Audi.
Компаниите имаат потпишано меморандум за создавање на заедничко вложување, што ќе изгради околу 400 станици за полнење на електрични автомобили во Европа до крајот на следната година.