Автомобил – ракета ќе руши светски рекорд

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Тестовите на британскиот суперсоничен автомобил Bloodhound SSC, чии креатори имаат намера следното лето да го соборат светскиот рекорд во брзина на копно, минувајќи ја брзината од 1.000 милји на час / 1610 км / ч / ќе започнат во ноември оваа година.BloodhoundSSC_Front_dynamic_medium_400

Како што пишува весникот “Дејли мејл”, по неколку месеци болидот, кој претставува вкрстување помеѓу авион и автомобил, придвижуван од три мотори – Хибридни ракетни на компанијата Nammo, реактивен Rolls-Royce од борбен Eurofighter Typhoon, и помошен осум цилиндричен Jaguar, треба да достигне брзина од 200 милји на час / 322 км/ч на патеката во Велика Британија. Потоа тимот ќе однесе ракетниот автомобил во пустината Калахари во Јужна Африка, за да го тестира при брзина од 1290 км/ч.