Автомобил паркиран на плажа во Хрватска привлече големо внимание кај луѓето кои заминале на летување на ова туристичко место.
На Фејсбук страницата „Uživo sa slavonskih prometnica“ викендов беа објавени фотографии од плажа на Муртер, остров во Хрватска, на кои се гледа автомобил „насукан“ на самата плажа, веднаш до водата. Оној што ја паркирал колата овде изгледа буквално го сфатил изразот „прв ред до море“ и го паркирал своето фиат „пунто“ буквално во плиткото.
Фотографијата беше споделена со револтиран опис кој го критикува ваквото однесување.
„Поздрав… не е Славонија, туку Муртер… Не можев да одолеам, а да не го испратам некому… За да видат сите колку станале груби и арогантни луѓето… Нема доволно диви патишта покрај плажата за да се стигне со автомобил, па се почна и да се вози по плажата“, се наведува во описот.