Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на патот меѓу скопските села Рашче и Сарај, кога автомобил паднал во реката Вардар.
Сообраќајката ја потврдија и од МВР.
„На 02.01.2025 во 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар“, информираат од МВР.
„Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот. На лице место е и јавен обвинител“, додаваат од МВР.
Оттаму прибираат официјални информации за патниците во возилото.
Неофицијално во автомобилот се наоѓале петмина членови на исто семејството од селото Грчец. Станува збор за брачна двојка која патувала со едниот син и снаата од другиот син. Петтиот патник, според овие информации, било петгодишно дете кое излетало од автомобилот пред тој да падне во реката.