Автомобил удри четиригодишно девојче на улица во Скопје

од desk2
102 прегледи

Синоќа по 22 часот, возило упавувано од 41-годишно лице од Скопје удрило во четиригодишно девојче, соопшти МВР.

Несреќата се случила на улицата „Благоја Паровиќ“, пришто детето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

По укажаната лекарска помош девојчето било задржано на понатамошно лекување.