Автомобил удрил во количка со ѓевреци за продажба во Кавадарци

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Возач кој изгубил контрола врз возилото удрил во количка со ѓевреци за продажба денеска околу пладне во Кавадарци, повредени нема.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски потврди за МИА дека полицијата извршила увид на местото нанесреќата.

Според првичните информации, на средовечниот возач најверојатно одненадеж му се слошило, па удрил во количката во строгиот центар на градот. На лице место пристигна и амбулантно возило. Причинета е материјална штета.

На неколку места во Кавадарци, традиционално со години се продаваат познатите кавадаречки ѓевреци.