325
Пешак во Скопје загина, откако бил удрен од автомобил, по што возачот побегнал.
Трагичниот исход се случил синоќа околу 1 часот по полноќ кога на улицата „Алија Авдовиќ“ во Скопје, автомобил удрил во 79-годишен пешак со иницијали А.А, по што возачот го напуштил местото на незгодата.
Пешакот бил итно пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им подлегнал на повредите.
Полицијата работи на расчистување на случајот и трага по несовесните возачи.