Автомобил во кој вашиот живот е „на коцка“ ВИДЕО

од Vladimir Zorba
318 прегледи

Иако германски гигант стои зад овој модел, тоа е автомобил за кој безбедноста не е високо на приоритетната листа.

Неговото име е JAC E10k, а го нуди Sehol, кој е создаден во 2018 година како заеднички проект на SEAT и JAC Volkswagen Automotive.

Кинескиот електричен автомобил беше претставен минатата година, а сега пристигна и на латинскиот NCAP тест. Иако ова не е првиот автомобил со нула ѕвезди, па дури ни првиот електричен автомобил, Latin NCAP истакнува дека ова е првиот автомобил во кој погонот не се исклучил по судир, без разлика дали се работи за фронтален или страничен удар.

Иако системот пријавил дека е исклучен, батеријата сè уште била вклучена и ги напојувала сите системи во возилото.

На крајот, JAC E10k постигна резултат од 0,00 отсто за заштита на возрасни патници, 6,34 отсто за заштита на деца патници, 20,25 отсто за заштита на најранливите учесници во сообраќајот и 6,98 отсто за системите за асистенција.