Автомобилот e извлечен од Вардар, пронајдени се телата на тројца патници, по четвртиот се’ уште се трага

од Milan1
44 прегледи

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва информираат дека автомобилот кој попладнето излета во реката Вардар кај скопското село Рашче е извлечен и во него биле пронајдени телата на тројца патници.

-Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три лица. Потрагата по четвртото лице продолжува, велат од ЦУК.

Во автомобилот, како што претходно соопшти полицијата, било и четиригодишно дете кое излетало од возилото пред тоа да падне во реката. Детето е пронајдено од минувачи, по што е пренесено на Клиниката за детска хирургија.

Слични содржини